Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање: Познат патот во Купот во битката за 3-тиот пехар на Вардар
Куглање: Познат патот во Купот во битката за 3-тиот пехар на Вардар

Куглање: Познат патот во Купот во битката за 3-тиот пехар на Вардар

Веќе се оконча Македонската кугларска лига, по 10.кола црвено-црните завршија како третти во оваа конкуренција. Следен предизвик на домашна сцена е Купот на Република Македонија во куглање за 2019 . Веќе се познати термините за дуелите на црвено-црните избраници на Драги Димитровски.

Квалификациите ќе се играат на 1-ви јуни во кугларницата “Мусандра“ во градскиот трговски центар. Тогаш ќе се одредат четирите екипи кои ќе обезбедат пласман на завршниот Ф-4 турнир. Истиот ќе се игра во кугларницата “Вип“ во Спортскиот центар “Борис Трајковски’. Полуфиналните дуели се предвидени за на 8.јуни, финалето е ден подоцна на истиот терен.