Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БК Вардар на Изборното првенство во Борење ,Зубаиров победник во категоријата – 86кг
БК Вардар на Изборното првенство во Борење ,Зубаиров победник во категоријата – 86кг

БК Вардар на Изборното првенство во Борење ,Зубаиров победник во категоријата – 86кг

На Државното изборно првенство во Борење организирано од Федерацијата на Боречки Спортови на Македонија зема учество и нашиот БК Вардар .

Најголем успех имаше нашиот борач во категоријата до 86 килограми  Халил Зубаиров кој го освои првото место во својата категорија . Халил покажа прекрасни перформанси и со туш ја заврши финалната борбата со неговиот ривал Стефан Никовски од тимот на Балканец кој беше едноставно немоќен пред вештиот Вардаров Борач .

bk 2

Покрај ова прво место на државното изборно првенство во Борење Вардарци освоиа и три трети места . Александар Павлев беше трето пласиран во категоријата до 70 килограми , неговиот клубски другар Ангел Јовановски исто така го освои третото место во категоријата -74 килограми .

Најголема контраверза беше полуфиналниот натпревар кога борачот на БК Вардар Тимур Хамикоев (репрезентативец во грчко-римски стил до 85кг) се сретна со Македонскиот најдобар репрезентативец во слободен стил и член на тимот Балканец- Дејан Богданов. Тимур беше преместен во потешка категорија но тоа не му сметаше да го покаже својот раскошен борачки талент. Борбата во која Хамикоев доминираше особено во втората рунда на чудесен начин беше регистрирана со победа за Богданов и ако не беа правилно бодувани двата борачи на штета бодувањето идеше на нашето Црвено-црно момче кое пет пати го исфрли од полето за борба противникот , рундата траела две наместо предвидените три минути за борба . И покрај вложената жалба од шефот на стручниот штаб на Вардарците Професорот Љубиша Пешко судиите останаа глуви .  Хамикоев покажа класа но некогаш неправдите се посилни од се .

Учесниците од БК Вардар на Државното Изборно Првенство

Учесниците од БК Вардар на Државното Изборно Првенство

Покрај ова да напоменеме дека Вардарци први обезбедија место во Македонскиот Национален тим за учество на првите Европски Олимписки игри во Баку и тоа :

Грчко-Римски стил :

  • 66 килограми Кристијан Пешко
  • 85 килограми Тимур Хамикоев

Слободен стил :

– 86 килограми Халил Зубариов