Saturday ,01 October 2022
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Се осети отсуството на Спировски

Се осети отсуството на Спировски

Момците на Сергеј Андреев го претрпеа првиот пораз на подготвителните натпревари во Анталија.
На денешната средба против  шведскиот тим фалеше зимското засилување Стефан Спировски.

stefan2

Фото:фквардар.мк

Можеби еден од проблемитe на денешниот натпревар беше организацијата на играта, Вардар ја држеше топката во свој посед повеќе од противникот но во првиот дел креацијата кон Асани, Дашјан, Ибричиќ, па и Блажевски изостана. Ова е знак дека во играта на Вардар фалеше Спировски, кој со Глигоров во изминатите натпревари се чинеше дека ја имаат контролата на средината на теренот, најубаво тоа го увидовме на почетните три средби, со Видзев, Амкар и тн. Останува на шефот на стручниот штаб да одлучи кој двајца играчи ќе диригираат со средината на теренот, односно задни везни, како што модерно се кажува во најсилните лиги.
Исто така за напомена е дека на оваа средба Андреев ја испроба варијантата со Дејан Блажевски како шпиц играч, но некако не пројде таа варијанта па така Блажевски излезе на почеток на вториот дел. Радува и податокот дека Филип Ивановски почна да ја тресе противничката мрежа често, исто како и Артур Миранјан. Едно е јасно, Андреев ќе има сериозна задача да ги најде најдобрите 11-мина за оваа пролет.