Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Кристијан Николовски:Верувам дека можеме до двојна титула.
Кристијан Николовски:Верувам дека можеме до двојна титула.

Кристијан Николовски:Верувам дека можеме до двојна титула.

Младинците на Фк Вардар по првиот дел од сезоната се наоѓаат на третото место на табелата, со учинок од седум победи и четири порази.

-Од првиот дел од сезоната сум задоволен, но можеше да биде и подобро. Одигравме доста добри утакмици но имавме и неколку неочекувани порази, на кои што и среќата ни го заврте грбот и не сме на првата позиција, која ни е и целта оваа сезона.

Избраниците на Петар Ѓоргиевски се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната, каде одиграа до моментов и два подготвителни натпревари.

-Моментално подготовките течат во најдобар ред, се работи доста напорно, тренираме и по два пати дневно. Мислам дека екипата е доволно спремна, тоа го покажавме и во двата пријателски натпревари со Цементарница  и Брегалница. За втората полусезона очекувам дека ке биде многу подобра од првата и дека ќе ја оствариме зацртаната цел. На секој натпревар идеме максимално и на победа, сепак ние сме Вардар.

Во националниот куп се пласираа во полуфиналето, со надеж дека истиот и ќе го освојат.

-Верувам дека можеме до двојна круна. Металург ни бега 7 бода, а во купот сме во полуфиналето, каде верувам дека ќе стигнеме до финалето и дека ќе го освоиме, ни изјави Кристијан Николовски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски