Претседателот на БК Вардар, Проф. Љубиша Пешко кој има полн легитимитет што го потврди и централниот регисер на земјава, свикува редовна седница на собранието на црвено-црните. Во информацијата за истата се вели:
БОРЕЧКИ КЛУБ ВАРДАР СКОПЈЕ
П.Фах 770 Скопје 1000 Тел. +389 71 536 070 vardar_wrestling@yahoo.com
До Членовите на Собранието на Боречки клуб “ВАРДАР” од Скопје Врз основа на член 41 од Статутот на Боречки клуб Вардар од Скопје, свикувам – РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО на Боречки клуб “ВАРДАР”, од Скопје. Собранието ќе се одржи на 01.06.2019 година, со почеток во 11.00 часот, во просториите на конференциската сала на ХОТЕЛ ВИП во Скопје.
Со почит. ПРЕТСЕДАТЕЛ Љубиша Пешко