Вардарци се појавија на свеченото претставување на екипите, кои од утре ќе водат голема битка за Европската титула. Нашите момци ги поздравија присутните навивачи пред „Ланксес Арената„ а за крај го направија завршното селфи.
Утрешното полуфинале со Барса стартува во терминот од 18:00 часот. Претходно во првото полуфинале, ќе се сретнат екипите на Веспрем и Киелце.