Летонскиот репрезентативец и член на Вардар, Даинис Криштопанс ја игра најдобрата сезона во својата ракометна кариера. Летонскиот џин оваа сезона е главен предводник на скопските ,,црвено – црни”, па не е ни чудно што Шпанците се заминаваат највеќе со овој наш ракометар пред сите останати. Криштопанс оваа сезона е и најдобар стрелец во тимот на Вардар со точно 80 погодоци, а на дуелот во Скопје одигран на 11.11 минатата година против Барселона, му даде пет погодоци на Перес де Варгас.
,,Вардар Фанс” е убеден и вели: Само Даинис Криштопанс и Игор Карачиќ да бидат расположени во нападите на нашиот тим. Со нив двајца – нема тим што може да го добие овој Вардар оваа сезона. Ако овие споменати играчи имаат свој ден, тогаш сигурни сме дека добра партија ќе имаат и Скубе, Милосављев на голот, како и централните дефанзивци Калараш и Дисингер, што е доволно за голема победа и пласман во финалето!