Боречкиот клуб Вардар испрати едно содржајно соопштение до нас во кое не информираат на неколку теми, оклолу состојбите во мак.борењето и неколку нивни проекти и новитети. Во истото стои:
Факт е дека минатата година само правилните залагања и активности на Вардарци вродија со плод и донесоа забележителни резултати .
Со самостојно спроведени подготовки и подигање на психофизичките способности , единствено нашите борачи победуваа на меѓународна сцена и освојуваа одличја , додека стратегијата на ФБСМ беше тотално промашена и јалова !
Уште потрагично , покрај тоа што ФБСМ не помогна во никаков случај за унапредување и развој на спортистите , туку јавно и злонамерно на штета на Македонското борење и воопшто македонскиот спорт , на дозволија учество на ВЛАДИМИР ЕГОРОВ и Халил ЗУБАИРОВ актуелните Македонски шампиони да земат учество на Европско У23 во Унгарија и Европско во Србија .
Дури раководните структури се дрзнаа да ги уценуваат борачите јавно, доколку во иднина не го напуштат боречки клуб ВАРДАР и не преминат во нивните клубови – никогаш нема да им се дозволи настап на меѓународен настап !
ВАРДАР планираше да се избори за 3 Олимписки стипендии , заслуживме 2 , на Нуров и Егоров, а ветото спрема Зубаиров нека го носат на душа раководните органи на ФБСМ !
Политиката и стратегијата на ФБСМ е тотално погрешна , заедно со активностите на МОК !
Поради таква погрешна стратегија од активност се откажаа преку 20 квалитетни борачи , во кои сме вложувале преку 7-10 години !
Наместо од ФБСМ професионално и стручно да се занимаваат со остварување на врвни резултати , никој никаква активност не превзема со репрезентативците , а континенталниот шампионат ни е пред нос.
ГАРАНТИРАМЕ дека оваа 2018 ќе биде многу понеиспешна него ли минатата.
Нека престанат со уцени и дискриминација, доколку сакаат, Вардар доброволно ќе им ги отстапи репрезентативците на раководните клубови во интерес на Македонското борење, но се плашиме да не се повтори Лас Вегас 45:1.
Оваа година не настапувавме повторно на стари гребла и наместо личните финансии да ги вложуваме во правилни подготовки , а други да профитираат со нашите резултати , решивме :
– да инвестираме во реквизити , стуњачи и отварање на уште две нови школи за борење .
Боречкиот клуб ВАРДАР се проширува со секција само за женско борење и секција за грчко-римски стил!
Идејата ја разработивме и ја усогласивме со неколку тренери и специјалисти во овие стилови , кои на почетокот ќе помогнат во стручното усовршување , а благодарение на контактите и гаранциите на нашиот Олимпиец Магомед Ибрагимов нарачавме и наскоро ќе добиеме пратка од 7 боречки струњачи кои се по најновите стандарди на УВВ !
Неколку години по ред , пишувавме дописи и молби до МОК , Агенцијата за млади и спорт и ФБСМ , за да ни се помогне со барем 1 душек или финансиски надомест за тренерот , но без никаков резултат , буџет и приходи од институциите НУЛА, продолживме со самофинансирање ентузијастички да тренираме на старите душеци добиени од 1981 година ….
Доколку навреме ни ги достават струњачите, се кандидиравме да го организираме како домаќини изборниот шампионат на 17-18 февруари .