Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Фото: Кањељас “собра” уште еден трофеј

Фото: Кањељас “собра” уште еден трофеј

kanjelas-sampion

Репрезентацијата на Шпанија е нов ракометен владетел на Европа. „Црвената фурија“ одигра маестрално Европско првенство и сосема заслужено се радува на првото место. Во составот на Шпанија на ова ЕП се најдоа и двајцата вардарци, Кањељас и Штербик.

Секогаш потценетиот Кањељас уште еднаш покажа дека е човек за титули. Иако вчера не постигна ниту еден погодок, нашиот бек одигра одлично во одбраната. Кањељас на ова првенство постигна вкупно осум голови.

По натпреварот, следуваше фотографија на Кањељас со вредниот трофеј.