Вчера во салата “Кале“ се одигра финалниот ден на зимскиот турнир “Еден живот, една љубов“ кај генерација родени 2006 и 2007 година. Ги добивме победниците во машка и женска категорија во оваа генерација. По крајот на турнирот беа доделени екипните и поединечните награди на учесниците.
РК Преспа од Ресен е освојувач на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во машкиот дел. Избраниците на Иван Ангелковски во големото финале ја победија екипата на РК Бисинов од Велес, “бронзен тим“ кај момците беше екипата на РК Будимир Вардар. Кај дамите првото место е за екипата на РК Кале Вардар од Кичево, второто за Ѓорче Петров, додека третото место и припадна на екипата на Опш.Кисела Вода Вардар. Заслужено освоен турнир за РК Кале кој имаше пет победи од исто толку одиграни натпревари на турнирот, на кој се натпреваруваа вкупно шест екипи.