Вo салата “Кале“ во Скопје вчера се одигра финалниот ден на Зимски турнир 2018 кај екипи во категоријата 2006/07. По крајот на дуелите тренерите гласаа за најдобрите седум играчи на зимскиот турнир во категоријата 2006/07 кај дамите. Седумте најдобри ракометарки , според изборот на тренерите се:
Најдобар голман – Анеса Елезоска од Кале Вардар
Најдобро лево крило – Ерза Џафери од Гостивар Вардар
Најдобро десно крило – Мија Марковска од Ѓорче Петров Вардар
Најдобар лев бек – Јана Петровска од Ѓорче Петров Вардар
Најдобар десен бек – Ања Забазновски од Општина Кисела Вода Вардар
Најдобар пивотмен – Ива Стојаноска од Кале Вардар
Најдобар центар – Надица Максимова од Општина Кисела Вода Вардар