БК Вардар продолжува да ги наградува борачите кои остваруваат успеси на македонските првенства. Овој пат беа наградени учесниците на Изборното првенство за У-17 што се одржа изминатиов викенд во Радовиш.
Милан Трендов освои златен медал во категоријата до 65 килограми, а со тоа и награда од 100 евра.
Инаку, Милан е син на Благој Трендов, поранешен борач на Спартак, кој живее и работи во Греманија.Рубен Модосјан се закити со сребро во категоријата до 80 кг и заработи 50 евра. Тој е син на Гари Модосјан кој беше дел од славната генерација на БК Бучим, кога стаана европски и светски клупски прваци.
Бранислав Поповиќ (-51 кг) освои бронза и награда од 20 евра. Бранислав е надежен борач.