Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Среќно понатаму, Лука Стојковски и Никола Величковски повеќе не се дел од Вардар

Среќно понатаму, Лука Стојковски и Никола Величковски повеќе не се дел од Вардар

received_688682259604802

Двајца играчи нема да бидат дел од Вардар во продолжение од сезоната. Се работи за младите Лука Стојковски (2005) и Никола Вечковски (2003) кои решија да ја променат средината.

Се работи за деца на Вардар кои ги поминаа сите младински категории на клубот, оставија голема трага со своите настапи, успеси како и индивидуални, но и тимски признанија.

Лука Стојковски повеќе од десет години беше дел од Вардар, во есенскиот дел настапуваше како позајмен во екипата на Локомотива, додека во вториот дел од сезоната ќе го брани голот на Башкими од Куманово.

Никола Величковски после девет години поминати во Вардар, се сели во градскиот ривал каде ќе настапува за екипата на Работнички.

Вардар Фанс изминативе години како единствен медиум кој ги следи во чекор младинските екипи на Вардар имаше можност да соработува со овие играчи, се работи за големи надежи и вистински професионалци за кои не се сомневаме дека им претстои блескава кариера. Можеме само да им посакаме пред се здравје, потоа среќа и успеси на спортски план.