Утре со почеток од 18:00 часот, екипата на РК Вардар е домаќин на Партизан, на натпревар од 2.коло во СЕХА-лигата. Капитенот Стоилов очекува навивачите да дојдат во поголем број и да го поддржат Вардар да стигне до првата победа сезонава во ова натпреварување.
Не очекувам полна сала против Партизан, но се надевам дека гледачите ќе дојдат во поголем број. Нивната бројност ни олеснува во некои натпревари. Партизан е млада екипа, но ние играме дома и сме фаворити. Со Татран имавме конфузен натпревар. Треба да се вклопат коцките, имаме четири нови ракометари. Февруари е тежок месец за играње по првенство, добро знам зашто сум го преживеал тој месец. Имавме долго патување од Прешов, немаме многу време за подготовка, но треба да покажеме карактер и да го завршиме мечот со Партизан во наша полза, истакна Стоилов.