Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Благодариме !10. 000 Фанови на Вардарфанс.мк

Благодариме !10. 000 Фанови на Вардарфанс.мк

Пристигнавме до фантастични 10.000+ фанови на нашиот фан-пејџ Вардар фанс, ви благодариме на се поголемата поддршка, и читаност на нашата црвено- црна страница.

Од како пред околу половина година тргнавме со нашиот веб сајт vardarfans.mk се поголема е посетеноста на нашата страница, и се повеќе луѓе се информираат за нашите вести од: Фудбал – од сите категории, од сениори до петлиња, исто така и во ракометот, жени и мажи, од сениори до најмладите категории , куглање, атлетика , борење , кошарка итн …

Се почна одамна, речиси пред 4 години со еден навидум ”наивен” фб профил Вардар Лико фанс кој беше пред се фан страна на фудбалерот на ФК Вардар Лико , но се покажа дека ќе се случи нешто повеќе со истата . Во тоа време за жал нашиот фудбалски клуб немаше свој веб портал и своја ажурирана фан страна , исто така не беа активни и денешните најдобри спортски сајтови во земјата па “товарот“ за известување на “гладната“ црвено – црна јавност мораше некако да се задоволи, и така се тргна. Станавме катче, каде сите црвено-црни вести, фотографии , случувања, се одвиваа на тогашниот фб профил. Страница се ребрендираше во Вардар Фанс , а по третата година се посилен беше притисокот од фановите да се трансформира во веб-сајт . Иако на почетокот ни беше тешко, се обидовме и најдовме начин да го создадеме. На него почнавме да објавуваме се она што другите немаа, време желба и мотив да го објават за црвено- црниот свет: – младинци, кадети, пионери , помлади пионери(од ФК, Жрк и РК), вардарците во борење , куглање , атлетика , ретро приказни за големата и богата историја.

Бидејќи почнавме и се уште сме непрофитабилни и работиме од љубов, немаме финасии па  имавме и мали технички пречки со нашиот сајт, но за голема среќа истите пред 10-сетина дена се надминати. Воедно благодарност до ФК Вардар кои не споделија на нивниот фан-пејџ – изгледа конечно по 4-год. работа заслуживме :) . Продолжуваме и понатаму заедно да следиме се она што еден обичен вљубеник во црвено- црните бои го интересира без разлика на се.

Спортски поздрав редакција : Вардарфанс.мк