Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Комити > Комити Скопје: ЗА СКОПСКИ ВАРДАР ПЕСНА СЕ ОРИ, СЛОГА ГО ПУШИ, НИЕ СМЕ ШАМПИОНИ…

Комити Скопје: ЗА СКОПСКИ ВАРДАР ПЕСНА СЕ ОРИ, СЛОГА ГО ПУШИ, НИЕ СМЕ ШАМПИОНИ…

Се поблиску, и поблиску е првиот натпревар оваа сезона. Отвараме против најголемиот ривал на трибина, Слога од Чаир. Време е да се покажеме во најдобро светло, како некогаш, кога игравме против Слога.
Комити Скопје изглегоа со соопштение за овој натпревар:

ЗА СКОПСКИ ВАРДАР ПЕСНА СЕ ОРИ, СЛОГА ГО ПУШИ, НИЕ СМЕ ШАМПИОНИ…

Минатото враќање во првата лига на Чаирскиот клуб заврши неславно, со откажување на неколку денови пред дуелот со Вардар на Градски. Долго време ја чекаме нашата средба на Градскиот стадион и конечно после години минати во различни лиги, ждребката посака да се соочиме уште во првото коло.

Сезоната за нас веќе започна, отворивме добро против АПОЕЛ, но секогаш можеме и мораме да делуваме уште подобро и поорганизирано. Ретки се дуелите кога имаме бројна навивачка група наспроти нас и конечно можеме да го покажеме нашето вистинско лице. Дербито меѓу Вардар и Слога ја доживеа својата кулминација поради нарушените етнички односи во државата во минатото, а честопати се соочивме со двојниот аршин на полицијата кога се соочувале навивачките групи на двата тима. Навивачката битка која се води насекаде во градот, време е да се префрли на нашиот стадион.

Нерези, плоштад и Кале се местата на кои видовме кој е заштитен како бела мечка, а кој дежурен виновник во нашата држава. Додека Комити сеуште ги плаќаат паричните казни од овие инциденти, противникот има неограничен простор за напредок и масовна мобилизација. Но, ние не се предаваме, сме покажале дека можеме да го одбраниме нашиот град, дека кога сме под најголеми притисоци, знаеме да се издигнеме и да се прикажеме во најдобро светло. Многумина знаат да кажат дека Србија го има дербито Партизан-Ѕвезда, Полска го има дербито Легија-Висла, Аргентина го има дербито Бока Јуниорс-Ривер Плата, но ниту во едно од овие дерби мечеви навивачките групи го немаат оној тип на ривалство кое го имаме ние со Шверцери, поттикнато од навивачки и ненавивачки причини.

Одиме јако, или ќе излеземе како победници, или можеме да се откажеме од епитетот гордоста на градот.

За Вардар, за Скопје, за Македонија, СИТЕ НА ГРАДСКИ!!!