Македонскиот шампион, екипата на Рк Вардар во понеделникот ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона. Клубот останува да тренира во Скопје до недела, од каде заминува на подготовки во Крањска Гора(Словенија). Тимот влегува со нови сили во сезоната, Марсениќ, Циндриќ, Манасков, Деревен и Македа се новите играчи кои го засилија клубот. Така секоја позиција во екипата е потполнета со најмалку двајца квалитетни ракометари. За претстојната сезона во лигата на шампионите, ЕХФ воведе нов систем на натпреварување. Групната фаза е многу посилна со квалитетни противници за Вардар.Тренерот Гонзалес верува дека тимот е посилен, за овие нови играчи.
-Имаме помлади играчи, кои се повисоки и имаме подобра одбрана. Можеме да играме одбрана и напад и немора многу да менуваме. Сега сме на почеток, незнаеме како ќе играат. Но, мислам дека потпишавме со добри ракометари. Имаме доста време за ЛШ, но ќе биде и тешко. Можеме да играме и подобро. Но, сите екипи сега се силни во групната фаза и сите имаат амбиции како нас, изјави Гонзалез за официјалната страна на клубот.