Прекрасното место во близина на Српско-Унгарската граница“ Кањижа Спа“,ќе биде домаќин на силен меѓународен турнир“ “Кањижа Куп 2015“. Ова е 5-то издание на споменатиот турнир, кој ќе се игра во периодот од 13-16 август. На него ќе учествува и ракометниот клуб Вардар, кој ќе има можност да ја воигрува екипата и да се испробуваат различни варијанти. Веќе се познати и сите учесници кои ќе се натпреваруваат.
Пик Сегед (Унгарија), Нексе(Хрватска), Партизан(Србија), Горење Велење(Словенија), репрезентацијата на Саудиска Арабија и нашиот шампион, ќе се борат за првото место. Минатата година, Вардар играше во финалето на “Кањижа куп“ и беше поразен од Пик Сегед. Овој турнир ќе биде прва проверка на формата на екипата и првите натпревари за новите засилувања, во дресот на Вардар. Екипата на 3-ти август заминува за Крањска Гора на подготовки. Од таму директно ќе пристигне да се натпреварува на турнирот.