По вчерашната вест која стигна за црногорецот Богдан Милиќ од една од најфудбалските земји во Европа и светот Шпанија се јави голема дилема кај црвено – црната јавност дали нашиот стручен штаб е постручен од тој на шпанска Осасуна .
Играчот кој беше на проба во ФК Вардар пред помалку од една недела црнагорскиот Џин со 202 саниметри и за кој ние востановиме дека не е квалитет за нашиот тим најде ангаржман во една екипа како Осасуна . Милиќ доби мала шанса на пријателски дуел со ФК Љубанци по што нашиот тим се одкажа од овој играч кој воедно беше и “слободен агент“ без никакви договори и оштети можеше да се ангажира . Очигледно или нашите стручњаци се подалековиди или шпанците не толку добро го разбираат фудбалот . Како и да е времето ќе покаже дали е ова уште една грешка на Вардар , за илустрација во минатото и Бербатов не задоволи во Вардар за подоцна за неколку години игра кај Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед како прва опција во офанзивата на “црвените ѓаволи “.
Исто така и нашиот млад пионер од ова сезона кадет Андреј Кировски кој не доби посебен третман во Вардар е на проба во загребски Динамо дали и они се понестручни кога станува збор за млади фудбалери од нас времето ќе покаже .