Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Почна со работа “летниот фудбалски камп“ на ФК Вардар во комплексот “Истатов“-Дојран
Почна со работа “летниот фудбалски камп“ на ФК Вардар во комплексот “Истатов“-Дојран

Почна со работа “летниот фудбалски камп“ на ФК Вардар во комплексот “Истатов“-Дојран

Како што најавија од нашиот клуб почна со активност летниот фудбалски камп во комплесот Истатов во Дојран ова е прв ваков камп организиран од црвено-црниот тим за кој велат ќе мине во традиционален секоја година во ова време од летото.

Во првата група на деца учествуваат оние кои се родени 2000 и 2001 година. Учесници се малите фудбалери на Вардар и на регионалните единици на нашиот тим. Се работи по два пати на ден, во две групи поради големиот интерес. Во моментов на кампот учествуваат 90 деца од оваа генерација.Генерацијата 2000-2001 ќе биде дел од фудбалскиот камп до 4 август, а потоа од 10 до 18 август ќе биде генерацијата на деца родени 2002 година. Дел од летниот камп ќе бидат деца родени 2003-2004 година и на крај од 21 до 26 август ќе заме учество генерацијата 2005-2006 година.

-Засега се оди според планот. Се тренира сабајле и попладне во две групи. Сите тренери сме заедно и остануваме со децата до крајот. Се работи добро и сме задоволни од организацијата на овој камп. Тука во Дојран ги имаме сите услови, а кампот многу ќе им помогне на децата за да се дружат и да научат некои нови работи- вели тренерот Љупчо Кметовски.