Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Утре два “второлигашки“ тест дуели за ФК Вардар со ФК Скопје и ФК Љубанци

Утре два “второлигашки“ тест дуели за ФК Вардар со ФК Скопје и ФК Љубанци

Со цел воигрување на тимот под палка на новиот шеф на стручен штаб Гоце Седловски утре нашиот  црвено – црн фудбалски колектив ќе има два тест – дуела со два македонски второлигашки  тимови од Скопје .

Првиот тест е закажан за утрото со почеток во 9-30 часот ќе биде со тимот на новиот второлигаш со кој веќе еднаш имавме тест дуел  во кој однесовме победа   ФК Љубанци . Вториот меч со ФК Скопје ќе се игра попладне и истиот е закажан со почеток   во 18 – 00 часот .

Двата дуела ќе се одиграат на теренот во близина на Спортскиот Центар Јане Сандански .