Денес своја презентација имаа новите засилувања на Рк Вардар. Во новата натпреварувачка сезона тренерот Раул Гонзалес ќе има голема конкуренција во играчкиот кадар.
Од нив се очекува многу, да донесат свежина во играта на нашиот тим, да донесат нови голови, да донесат цврстина во одбраната и слично.
За официјалниот сајт на клубот кратко изјавија:
Александар Деревен – лев бек
Среќен сум што сум во Скопје. Вардар е добра екипа, има извонреден однос во тимот, одлична соработка со играчите. Ова е квалитетна екипа, цел ни е да се пласираме на Ф4, но лично сакам да победиме секаде каде ќе играме.
Хорхе Македа – десен бек
Среќен сум што дојдов тука, бидејќи имам шанса да играм во ЛШ. Сакам да играм на Ф4 со овој тим. Се надевам дека тимот е добар и се надевам дека ќе успееме да ги оствариме плановите.
Лука Циндриќ – среден бек
Среќен сум што сум во вака голем клуб. Бев и претходно во Скопје, па речиси сите ги познавам. Сега екипата е одлична, со нас странците. Сите добро не прифатија. Влегуваме во нов ритам, и ќе влеземе во системот на тренирање и ќе оствариме добри резултати.
Мијајло Марсениќ – пивотмен
Знаеме за каков клуб се работи, имаме добра екипа и одличен тренер. Ќе се обидам да ја искористам шансата и да ги исполниме зацртаните цели.
Дејан Манасков – лево крило
Драго ми е дека по кратка авантура во Германија се враќам во Македонија, Драго ми е што ќе играм во Вардар во следните три години. Ми беше претставен проектот со кој Вардар ги покажа амбициите, и мислам дека годинава треба да одиме чекор понапред, да имаме и спортска среќа и да ги оствариме сите зацртани цели на клубот.
Фото: rkvardar.mk