Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Рк Вардар и во новата сезона, ќе има свој претставник во првата ракометна лига
Рк Вардар и во новата сезона, ќе има свој претставник во првата ракометна лига

Рк Вардар и во новата сезона, ќе има свој претставник во првата ракометна лига

Ракометната екипа на Вардар предводена од тренерот Стојан Петрушевски, која минатата сезона се натпреваруваше во малдинска конкуренција, ќе има можност да игра во првата ракометна лига. Оваа екипа беше шампион во младинската лига, со 100% ефект на учинок. Во претстојната сезона, ќе имаме можност да ги гледаме во првата лига. Вториот тим на Вардар, под водство на Пепи Манасков, минатата сезона беше дел од оваа лига каде го освои првото место и се пласираше во најсилната по квалитет супер-лига. Тимот на Стојан Петрушевски ќе го сочинуваат претежно момци, кои ја освоија младинската лига.

Со мали промени во играчкиот кадар, оваа екипа ќе се обиде да освои едно од првите две места на табелета. Од клубот заминаа: Христијан Ивановски , Александар Митрев , Александар Атанасовски. Нови засилувања се: Васил Калков(Рк Метрополис) и Иван Димитровски(Рк Пелистер). Тројца играчи кои настапуваа за кадетите на Вардар, сега ќе бидат дел од првата лига. Тоа се крилото Александар Мирчев, пикерот Кристијан Анастасовски, и голманот Илија Трпевски. Првиот тренинг и собир на екипата е предвиден за 5-ти август.