Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Блиц интервју! Петрушевска: Вардар е моето второ семејство, горда сум на „двојната круна“
Блиц интервју! Петрушевска: Вардар е моето второ семејство, горда сум на „двојната круна“

Блиц интервју! Петрушевска: Вардар е моето второ семејство, горда сум на „двојната круна“

ЖКК Вардар изминатата сезона освои две титули, како бранител на двојната круна влезе  во оваа сезона во која пред прекинот е лидер на табелата заедно со конкурентот, тимот на Бадел. Неодминлив дел од успесите на тимот е и вардаровата репрезентативка,  Јована Петрушевска со која правиме блиц-интервју на 20 прашања.

Со „портокаловата топка“ се дружи од својата 11-та година. Прв тим и е КK Јуниор и тренерот Срѓан Дамјнановски, колектив кој се испостави дека  е одлична подлога за една кошаркарска „кариера“, како клубски така и од тренерски аспект. Откако се распадна клубот, една сезона женската екипа на Јуниор се вклопи со екипата на Шкупи каде што го имала  и прво искуство со првата лига, била дел од успехот  кога  освоиле 4то место во лигата.

Кошарката е спорот со кој се бави целото семејство. Петрушевска со својот брат, македонски интернационалец во Италија

Кошарката е спорот со кој се бави целото семејство. Петрушевска со својот брат, македонски интернационалец во Италија

Потоа минува во црвено-црниот клуб,  каде веќе  3та сезона е дел од тимот на Вардар. Од репрезентативно ниво беше дел од селекциите У16 две години, и една година у18, од тогаш веќе 3 години е дел од  А-селекцијата на Македонија. Станува збор за млада кошаркарка со одличен квалитет, талентиран спортист кој вредно работи и напредува. Ведра девојка со посебна харизма која е спој на кошаркарската умешност и човечката ведрина. Покрај неа и нејзините двајца браќа се активни кошаркари.

b2a

1. Да не е кошарка со кој спорт би се занимавала?

- Да не е кошарката веројатно би се занимавала само со фитнес,имам пробано и други тимски спортови, но во ниеден не сум се чувствувала и вклопила совршено како во кошарката.

2. Каде би сакале вашиот кошаркарски пат да ве однесе за пола деценија?

-Доста сум скромна кога доаѓа едно вакво прашање, најверојатно се гледам себеси како играм во појака лига надвор од Македонија,work in progress.

3. Најголем личен и тимски успех во вашата кариера?

-Тимски би го издвоила минатогодишното првенство каде Вардарки ги зграпчија двете круни (Куп на Македонија и Прваци на сезона 19/20). За личен успех би издвоила некои натпревари од репрезентативно ниво каде што сум го дала максимумот, а можеби најголем е фактот што и после скоро 10 год. активно играње кошарка сеуште се исполнувам и надоградувам играјки.

4. Oмилена апликација на мобилниот?

- Инстаграм дефинитивно

b0f

5. Со три збора опишете го вашиот прв кошаркарски тренинг?

– Драма, срам и многу eнергично

6. Омилена дестинација/земја на патување ?

– Обожавам да патувам и немам омилена дестинација искрено, но би сакала да ги посетам Англија и Израел. Земји полни со историја.

7.Најубав подарок кој го имате добиено?

-Не сум личност што сака/гледа материјални вредности, дефинитивно најубав подарок во животот ми се семејството и прекрасен круг на пријатели.

8. Од што најмногу имате страв/се плашите?

- Височини.

9.Ваш кошаркарски идол?

– Breanna Stewart

10. Со кој најмногу се дружите од екипата ?

-Не можам да одговорам на прашањево бидејќи сите сме многу блиски подеднакво, можеби изгледа како преувеличување но Вардарки станува синомим освен за работа и истрајност исто така и за прекрасната хемија што ја имаме како тим. Би ги издвоила Стојанова Ј. и Лалкова С. како личности што најдолго ги знам од тимот поради играње заедно и во други кошаркарски клубови.

b0a

11. Што е потребно да се биде репрезентативка?

- Дефинитивно во нашата земја и кога станува збор за женска кошарка воопшто шанса добиваат сите девојки кои се истакнале во своите клубови, работат на себе, и се одлично подготвени како физички така и психички. Добрите предиспозиции играат исто така добра улога.

12. Омилен пијалок?

– Кафе/чај.

13. Опишете го со три збора вашиот тим ?

– Хемија, борбеност и позитивност

14. Што значи името Вардар за вас ?

- Второ семејство, толку.

15.  Какво е чуството да пораснеш со двајца браќа со кои делиш љубов кон исти спорт??

-Не може да се опише точно со зборови, заедно раснеме и се надоградуваме како индивидуи. Можам да кажам дека сме исклучително блиски и делењето на иста страст кон кошарката само ги прави работите уште поубави. Фамилијарно сме навивачи на Евролигашот, тимот на Реал Мадрид и следењето на секој нивен натпревар не би го замениле за ниедно излегување надвор со пријатели. А дриблинзите по дома и истегнувањето заедно насабајле ни е омилено.

Јована и нејзините браќа,  исто така активни кошаркари

Јована и нејзините браќа, исто така активни кошаркари

17. Омилена серија или филм?

-Филм : Million dollar baby

18. Летување или зимување?

-Патување во секое годишно време! Хаха

b2

19. Омилен начин на фотогафирање селфи/позирање?

-Позирање

20. Како ја одржуваш формата за време на овој прекин поради пандемијата?

-Секојдневно тренирање, како одржување кондиција така и кошаркарските елементи. Имам може малку повеќе среќа кога станува збор за сегашната ситуација со вирусот. Доста сум истрајна и целосно во домашна изолација па среќа имам братче со мене кој е исто така кошаркар и кош во дворот па секојдневните тренинзи дома дефинитивно ми се полесни и поинтересни, секако го чекаме и другото братче кое игра професионално кошарка во Италија па штом се врати, тренирањето ќе биде уште подобро!

Михајло Тушевски