Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Хасановиќ е најдобар стрелец на младинците во лигата
Хасановиќ е најдобар стрелец на младинците во лигата

Хасановиќ е најдобар стрелец на младинците во лигата

Останува да направиме уште преглед на постигнатите голови за младинците на фудбалскиот клуб Вардар. Оваа екипа после 16 одиграни кола се наоѓа на 5.место на табелата со вкупно 22 освоени бодови. Црвено-црните до овој дел од сезоната успеаа да постигнат 27 голови. Најдобар стрелец на младинскиот тим е Малик Хасановиќ.

Ова се сите играчи кои се запишуваа во листата на стрелци: 

1. Малик Хасановиќ  9

2. Давид Ристовски и Хиџрет Рушити по  4

3. Мартин Спировски 3

3. Далибор Костовски, Ринор Исени и Аљдин Цури по 2 гола

5. Славче Живков, Филип Манасиевски, Иван Мицевски и Дамјан Трајановски по 1 гол.