Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Членот на БК Вардар, Богданов ќе ја преставува Македонија на Европски игри во Минск
Членот на БК Вардар, Богданов  ќе ја преставува Македонија на Европски игри во Минск

Членот на БК Вардар, Богданов ќе ја преставува Македонија на Европски игри во Минск

За вторите Европски игри во Минск, Белорусија, од 21 до 30 јуни, засега земјава има  черворица сигурни спортисти, затоа што ќе патуваат со вајлд-карта. За жал, се уште ниту еден спортист не освоил норма, но процесот на квалификации за Игрите во некои спортови се уште трае.

minsk-evropski-igri

Од Македонскиот олимписки комитет (МОК) истакнуваат дека за Минск ќе патуваат Далибор Богданов (самбо), Андреј Петровски (велосипедизам), Борјан Бранковски (стрелаштво) и Владимир Малевски (кајак). Учесник сигурен од црвено-црното семејство е борачот на Вардар, Богданов Далибор. Тој на светското првенство одржано изминатата 2018 година во Букурешт-Романија имаше одличен пласман. Црвено-црното момче заврши како седмопласиран и со тоа повеќе од заслужено ќе се најде на овој собир во Белорусија. Нашата земја Вардарецот ќе ја преставува во самбо.

Да напоменеме дека на првите ЕВРОПСКИ Игри во Баку 2015 година , од БК ВАРДАР имаше највеќе претставници :
– Халил Зубаиров 86кг слободен стил
– Тимур Хамикоев 85кг гр.римски стил
– Љубиша Пешко тренер