Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победи на контролни натпревари за ФК Вардар генер. 2009
Победи на контролни натпревари за ФК Вардар генер. 2009

Победи на контролни натпревари за ФК Вардар генер. 2009

Генерацијата на ФК Вардар родени 2009 година под водство на Илија Колевски во текот на вчерашниот ден одигра два пријателски натпревари против екипата на Фудбал Кидс.

Вардар (1) славеше со резултат од 4:0. Уште на полувреме имавме високо водство од 3:0. Јаков Стојковски постигна хет-трик, додека еден гол беше дело на Дарин Михајловски. Имавме уште неколку добри шанси, за поубедлива победа, за одбележување се шансите на Колевски и Папаливски, кои останаа без реализиција.

До победа стигна и Вардар (2) исто така на меч против Фудбал Кидс, на овој натпревар славевме со резултат од 3:0. Максим Павловски постигна два гола, додека еднаш во листата на стрелци се запиша и Давид Колевски.