Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пет играчи на Вардар се најдоа во составот на Русија, за двомечот против Унгарија
Пет играчи на Вардар се најдоа во составот на Русија, за двомечот против Унгарија

Пет играчи на Вардар се најдоа во составот на Русија, за двомечот против Унгарија

Селекторот на руската ракометна репрезентација, Едуард Кокшаров го објави списокот на ракометари, на кои ќе смета за двомечот против Унгарија, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

На списокот се најдоа и пет играчи од редовите на Вардар. Се работи за Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Сергеј Горбок, Дмитри Кисељев и Глеб Калараш.

Русија најпрво ќе биде домаќин на првиот натпревар, закажан за на 11. април во Астрахан, додека три дена подоцна ќе гостува во Унгарија, во градот Ерд.