Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ! Светско првенство во Лас Вегас! Линкови за следење во живо на Вардарците
БОРЕЊЕ! Светско првенство во Лас Вегас! Линкови за следење во живо на Вардарците

БОРЕЊЕ! Светско првенство во Лас Вегас! Линкови за следење во живо на Вардарците

 Светското првенство во борење годинава се одржува во Лас Вегас -САД. Првенството почна вчера на 6-ти Септември и ќе трае до 12-ти месецов . Нашите вардарци се во поход на олимписка норма за олимпијадата Рио -2016 .

Од нашиот црвено – црн борачки колектив на ова С.П во Лас Вегас ги имаме нашите : Тимур Хамикоев кој се натпреварува во категоријата до 85 килограми во грчко – римски стил и “бронзениот“ од ЕП во Полска Халил Зубаиров кој ќе се натпреварува во категоријата до 86 кг (слободен стил ) . Настапите на нашите борачи ќе може да ги следите во живо на следниот линк – ТУКА.

Прв настапува нашиот Тимур во грчко-римски стил на 9-ти септември во 10-00 часот по локално време (19-00 по МКД.време) , Нашиот Зубаиров настапува два дена подоцна на 11-ти септември исто така во 10-00 часот по американско време или 19-00 по македонско .

Редакцијата на вардарфанс.мк како искрен поддржувач на БК Вардар им посакува успешен настап и да не израдуваат со пласман на Олимписки игри во Рио-Бразил следната година.