Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Никола Серафимов: Важна победа, со која ја продолжуваме победничката низа на стартот од сезоната
Никола Серафимов: Важна победа, со која ја продолжуваме победничката низа на стартот од сезоната

Никола Серафимов: Важна победа, со која ја продолжуваме победничката низа на стартот од сезоната

Кадетите на Фк Вардар продолжуваат во победнички ритам и после третото одиграно првенствено коло. Значајна победа од гостувањето во Битола, против своите врсници од Пелистер. Само еден гол во мрежата на противникот, го реши победникот на овој меч кој заврши со резултат 0:1. Никола Серафимов беше момчето кое погоди за црвено-црните.

-Ова беше тежок натпревар, кој реално и го очекувавме. Македонското дерби секогаш има посебна тежина. Можеме да бидеме задоволни од прикажаната игра, но секако имаме и за што да жалиме, поради тоа што не искористивме неколку стопроцентни прилики за погодок. Забележавме минимален триумф, но резултатот не ја дава реалната слика за она што се случуваше на теренот.

Кадетите имаат одличен старт на новата сезона, максимални 9 бодови по првите три одиграни мечеви во лигата.

-Ова е многу важна победа, со која ја продолжуваме победничката низа на стартот од новата сезона. Се надевам дека ќе продолжиме во исто темпо и ќе стигнеме до двојната титула, изјави Никола Серафимов за нашиот сајт.

Звонко Ивановски