Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Кристијан Апостоловски: Со оглед дека игравме на гостински терен, можеме да бидеме задоволни од резултатот
Кристијан Апостоловски: Со оглед дека игравме на гостински терен, можеме да бидеме задоволни од резултатот

Кристијан Апостоловски: Со оглед дека игравме на гостински терен, можеме да бидеме задоволни од резултатот

Младинското дерби, помеѓу екипите на Пелистер и Вардар им припадна на црвено-црните, кои ги освоија трите бодови од овој дуел. Вардар беше подобар противник и сосема заслужено победи на овој дуел. Мечот се одигра во Битола и заврши со резултат 0:2. Стрелци на головите беа Кристијан Апостоловски и Ердон Даци.

Одигравме еден тежок натпревар, во кој речиси 90 минути го диктиравме темпото. Целата екипа одигра на едно високо ниво и мотивирани влеговме во полн ритам да го добиеме вечното дерби. Со оглед на тоа дека игравме на гостински терен, можам да кажам дека резултатот задоволува, иако имавме многу шанси истиот да го зголемиме. 

Две победи и еден нерешен резултат, после три одиграни кола е учинокот на младинците на Вардар.

Сега за сега сезоната тече според планираното и секако дека одиме до крај да се бориме за двојната круна, изјави Кристијан Апостоловски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски