Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење: Нуров денес ги започнува настапите на силниот боречки турнир “Дан КОЛОВ”
Борење: Нуров денес ги започнува настапите на силниот боречки турнир “Дан КОЛОВ”

Борење: Нуров денес ги започнува настапите на силниот боречки турнир “Дан КОЛОВ”

Во градот Русе на реката Дунав, на границата помеѓу Романија и Бугарија се одржува силен меѓународен силен борeчки турнир “Дан КОЛОВ-Никола Петров″ 2019,  Ова е голем собир на квалитетни натпреварувачи од целиот свет, на истата ќе има три претставнци на Република Македонија. Единствена надеж зауспех на Македонија  на овој собир е Нуров, борачот на БК Вардар кој работи целосно посветено и под стручното око на нашиот тим.

w21-660x330

Денес, тој ќе настапи во категоријата до 97 килограми. Нуров во квалификациите се сретнува со Чудиновиќ од Германија. Победникот од овој дуел во осминфиналната битка ќе вкрсти со подобриот од средбата Р.Јаздани (Ири) и Конјеро Руан (Итл). Од нашето момче кое одлично работи под надзор на стручниот штаб на Вардар очекуваме да се вмеша во битката за медал.

Од медитеранскиот шампион се очекува медал на овој силен собир.