Тренерот на Монпелје, Патрис Канаје вели дека овој дуел е многу важен за неговиот тим. Иако Монпелје никогаш не славел во Скопје, ова е добра шанса која мора да се искористи и тимот да се пласира во 1/8 финалето, потенцираше искусниот стратег.
„Секогаш се обидуваме да направиме приказна од некој меч, како на филм. Но, ова е реалност и секој натпревар носи многу несигурности. Ризик е да се гледа во минатото, илузија, а со тоа се губи поентата. Монпелје никогаш не славел на гости кај Вардар, а овој меч ќе ни биде и тоа како важен за да се најдеме во осминафиналето. Затоа мора да се бориме цел натпревар и да чекаме противникот да направи грешка, а ние да ја искористиме и да се радуваме”, рече Канаје.
Кај гостинот на овој натпревар ќе недостасува главниот организатор на играта Диего Симонет кој поради повреда веќе неколку натпревари е надвор од ракометните терени.