Еден од најдобрите тренери во борењето член на нашиот црвено – црн борачки колектив Гајдар Гајдаров доби престижно признание за својата работа во оваа област и тоа од својата Република Дагистан ( Русија ). Тој беше одликуван со највисокото можно признание со приматот “заслужен тренер“ од претседателот на Дагистан .
Наградениот Гајдаров ги споделува своите впечатоци со нашите фанови. Г-н Гајдаров најпрво големи честитки од вардаровата јавност за признанието , како тренер кој предано се занимава со својата професија, колку ви значи ова признание во вашата земја ?
Ви благодарам на честитките и вашето внимание . Оваа награда претставува признание за докажаниот успех во мојата тренерска кариера . Ова признание и награда е доделена лично од Претседателот на Република Дагестан г-н Рамазан Абдулатиов , а ми е врачена од Министерот за спорт г-н Магомед Магомедов . Со оваа награда се здобивам со титулата “Заслужен тренер“ што претставува највисоко одличје во Русија .
Со македонскиот борач Нуров !
Какви се вашите планови , очекувања и желби за вашата работа во нашиот БК Вардар ?
За многу кратко од БК Вардар успеавме да избориме пласман во репрезентацијата на Македонија и дури да освоиме Бронзен медал на Европското првенство во Полска У-23 . За развитокот на македонското борење . Плановите се развиток на македонското борење и поголема масовност во училишниот спорт и учество на професионални тренери .Во иднина се надевам дека од БК Вардар ќе избориме место во репрезентацијата во сите категории (кадети, јуниори, сениори) .
На крај Гајдаров завршува со оваа мисла : Република Македонија ја чуствувам како втора татковина , овде стекнав многу пријатели , овде луѓето едноставно се прекрасни.
Михајло Тушевски