Денес е финален ден на турнирот “Медвед“ кој се одржува во главниот град на Белорусија, Минск. На овој меѓународен турнир со светски рејтинг во борење, Владимир Егоров, вчера настапи во категоријата до 57 килограми. За жал беше поразен силниот домашен борач, Влаџислав Андрејев со еден поен.
Егоров доби прилика да се бори за бронза откако неговиот сопирник кој го совлада 4:3 во 1/4-финалето обезбеди место во финалниот натпревар. Во дуелот противник на Владимир Егоров ќе биде Михаел Иванов од Русија. Со евентуална победа за нашето момче ќе дојде до бронза. Овој дуел на програмата е денес.