Утре, Парондо за првпат ќе ги предводи црвено-црните во новата сезона во елитната ракометна машка лига. Во деби колото Монпелје го пречекува РК Вардар, во дуел кој е реприза на полуфиналето од мајскиот Ф-4 турнир во Келн. Стратегот на францускиот тим, Патрис Канаје е доста претпазлив пред овој натпревар на двата последни освојувачи на елитната шампионска круна.
Не би рекол, ако се прашувам јас дека Вардар нарави големи промени, освен на голманската позиција и тренерот. Ќе видиме дали овој состав дали ќе ни направи проблеми или не. Тие се многу добар тим, дојдоа до титулата во 2017 година , а лани беа полуфиналист во Келн. Ќе биде навистина тешко- изјави Патрис Канаје.