Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Составот на Вардар за денешниот дуел во Франција, деби во ЛШ за Оцвирк, Кизиќ и Мишевски
Составот на Вардар за денешниот дуел во Франција, деби во ЛШ за Оцвирк, Кизиќ и Мишевски

Составот на Вардар за денешниот дуел во Франција, деби во ЛШ за Оцвирк, Кизиќ и Мишевски

Тренерот на Вардар, Парондо, го објави списокот на сите имиња на кои ќе смета за денешното тешко гостување во Франција кај тимот на Монпелје.

Составот на Вардар: Милосављев, Дибиров, Шишкарев, Чупиќ, Поповски, Оцвирк, Борозан, Криштопанс, Карачиќ, Фереира, Калараш, Скубе, Мишевски, Кизиќ, Војводиќ, Кисељев.

Поради повреди ги нема Стоилов и Горбок, а исто така нема да конкурира за настап и новиот голман Калифа Гедбан. Дебитант ќе биде младиот голман, Марко Кизиќ, исто така и Марко Мишевски, како и новото засилување, Грегор Оцвирк.

Дуелот започнува со почеток од 17 часот и 30 минути.