Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење: Вардарци повторно на светска сцена
Борење: Вардарци повторно на светска сцена

Борење: Вардарци повторно на светска сцена

 Oд 20-28 октомври во “ПАПП ЛАСЛО“ Арената во Будимпешта (Унгарија) за светските титули во борење ќе се борат пријавените рекордни 850 борачи од 97 земји во светот. Целта на сите е да се освои една од 30-те медали во слободен стил, грчко-римски и женско борење.

y2

Единствено Вардаровиот проект повторно наоѓа заслужено најзначајно место во елитата на светското борење. На 21 октомври настапува до 57 кг ВЛАДИМИР ЕГОРОВ кај кого во категоријата има пријавени над 32 соперника. Додека на 22 октомври до 97 кг ќе настапи најдобриот Македонски борач , единствен рангиран на светската УВВ ранг листа МАГОМЕДГАЏИ НУРОВ , кај кого има преку 40 светски асови.

y5

Претседателот на БК ВАРДАР г-дин Далибор Милановски по советувањето со стручниот штаб и УО (надлежните не обезбедиле транспорт и учество на борачите на првенството) , веднаш ги обезбеди авионските билети за учесниците да бидат навреме пристигнати и подготвени за Светскиот настан . Секоја победа и висок резултат ќе претставува успех не само за ВАРДАР туку и за цела Македонија!

y

Стручниот штаб предвидува и се надева нашите претставници да остварат по 2 победи , ( досега само Вардарците стабилно и сигурно извојувале победи на меѓународна сцена ) , на ЕГОРОВ се надеваме во однос на квалитетот на улесниците да се пласира на 8-10 место , а според стабилната подготовка и правилниот режим , НУРОВ дава показатели дека е ГОТОВ да се вмеша во борбата за медал.

y6 y4

Сите средби и резултати ќе можете да ги следите на линков