После пет одиграни кола во машката супер лига, екипата на Вардар Јуниор се наоѓа на 7.место на табелата, со вкупно шест освоени бодови. Избраниците на Стојан Петрушевски на пет одиграни натпревари забележаа две победи и три порази.
Што се однесува до листата на најдобри стрелци во супер лигата, во ТОП-10 се наоѓаат и двајца ракометари на Вардар Јуниор. Истата ја спроведува ракометниот сајт, 24 ракомет кое после секое одиграно коло прави преглед на најдобрите стрелци. Дејан Кукуловски е на 6.место со 33 постигнати голови, додека ТОП-10 листата ја затвара уште еден играч на црвено-црните, се работи за средниот бек Стефан Крстевски кој во противничките мрежи успеа да постигне 29 голови.