Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Следи братско дерби за тимовите на Вардар
Куглање: Следи братско дерби за тимовите на Вардар

Куглање: Следи братско дерби за тимовите на Вардар

Следен предизвик во Македонската кугларска лига за црвено-црните кугларски колективи е „братското дерби“. Вардар-А кој моментално се наоѓа на позицијата два зад шампионот Макпетрол и кој има прилика да се боди за пехар во продолжението од сезоната ќе игра против Вардар-Б.

Натпреварот е закажан за понеделник (5.април) истиот ќе се игра во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје. Напреварот е закажан со почеток во 18:00 часот.