Tuesday ,13 April 2021
Последни:
Home > Uncategorized > Работнички го совлада КК Вардар
Работнички го совлада КК Вардар

Работнички го совлада КК Вардар

„Црвено-белите“ им се вратија на првенствените обврски и лесно го победија Вардар (92:67) Им требаа неколку дена да се вратат на првенствениот колосек, и тоа им беше доволно на кошаркарите на Работнички да дојдат до замисленото. Како гости да бидат подобри од Вардар.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 67:92

По една четвртина поделија „соседите“ од „Кале“. Гостите, екипата на Работнички ја добија првата, со двојно подобар скор (22:11), за домаќинот – Вардар, беше резервирана втората која ја решија во своја корист со (20:13).

Или, по 20.минути игра, предност за фаворитот, но од само четири поени (35:31). Во игра која беше и далеку од квалитетна, и во која двете екипи загубија дури по десет топки. Беа изедначени по бројот на скоковите – по 21. А гостите нешто малку подобри во реализацијата. Барем погодија три тројки од (13 обиди) за разлика од Вардар, кој имаше очајни (0/7) од зад линијата 6.75 метри.

Решавачка беше третата четвртина, одлично одиграна од гостинската екипа која парцијално направи дополнителна предност од 15.поени. За десет минути имаа (28:13), со кои дојдоа на уште поголеми (63:44).

Од тој удар „вардарци“ не успеаја да се опорават, па мораше да се помират дека не можат да стигнат до некое изненадување против поискусниот и поквалитетен противник.

Екипа која по овој успешен настап е на ефект од седум победи и пет порази. Вардар пак останува на 4. победи и сега со 15.порази.