Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Во братското вардарово финале, “злато“ за Влаќевски, среброто за Димитровски
Куглање! Во братското вардарово финале, “злато“ за Влаќевски, среброто за Димитровски

Куглање! Во братското вардарово финале, “злато“ за Влаќевски, среброто за Димитровски

Денес во кугларницата “Мусандра“  се одигра финалето на Поединечното државно првенство во куглање. Во братското финале се сретнаа двајца играчи на кугларскиот колектив Вардар. Еден наспроти друг се најдоа двајцата момци од ударното вардарово дуо Влаќевски и Димитровски. Во овој “пријателски дуел“ победа однесе помладиот Бојан Влаќевски со 3-1 во сетови.

фотографија на Редакција Вардар Фанс

Влаќевски дојде до “злато“

Првиот сет почна интересно во него поискусниот Димитар Димитровски однесе победа со 151 наспроти 141 “соборено дрво“ над помладиот колега.  Влаќевски во вториот дел се врати и изедначи во вториот сет на 1-1. Влаќевски имаше 161, а Димитровски 148 “чуња„.  Во третиот сет Бојан се одлепи на 2-1, тој со 135 наспроти 131 однесе победа. Четвртиот сет беше интересен, во “чистењето“ се влезе со егал со еднаков број соборени “дрва“. Бојан триумфираше со 135 наспроти 131. На крајот ‘златото“ е вардарово иде кај Влаќевски тој собори вкупно 589 “дрва“. Среброто иде кај неговиот партнер од  дуото со 580 “соборени дрва“. Ова сепак беше натпревар на емоции, двајцата партнери еден спроти друг , натпреварувачкит  дух беше во втор план. Целта е исполнета пред да се игра мечот, двете први места се црвено-црни. Браво Момци за одличниот настап низ целото првенство.