Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров, Шишкарев и Деревен со Русија освоија турнир во Летонија
Дибиров, Шишкарев и Деревен со Русија освоија турнир во Летонија

Дибиров, Шишкарев и Деревен со Русија освоија турнир во Летонија

Ракометната репрезентација на Русија по втор пат го освои турнирот “Куп на советот на град Рига“, кој изминативе три дена се играше во Летонија. Тие забележаа три победи од исто толку одиграни натпревари.

Утрово Русите стигнаа и до третата последователна победа на турнирот, откако беа подобри од селекцијата на Белорусија. Уште од самиот старт избраниците на Торгованов наметнаа силно темпо на игра, кога по првите пет минути играа имаа предност од 1:4. До крајот на целото прво полувреме, Русија беше во постојана предност која се движеше од 2-3 голови разлика. По првиот дел резултатот беше 9:12.

Во второто полувреме, следиме уште подобра игра на Русија која константно го зголемуваше водството. Во 38 минута имаа предност и од 12:16, а во 42 минута и високи шест голови предност (13:19). Највисокото водство за Русија беше осум голови (16:24). На крајот резултатот гласеше 21:28.

На овој натпревар Тимур Дибиров постигна 2 гола, додека Деревен и Шишкарев не се запишаа во листата на стрелци. На претходните два меча беа соладани селекциите на Египет (25:24) и Летонија (27:19). Ова беше можеби најсилниот тест за Русија, пред стартот на СП во Франција.