Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Прво место: Пионерите на КК Вардар го освоија турнирот во Белград!
Прво место: Пионерите на КК Вардар го освоија турнирот во Белград!

Прво место: Пионерите на КК Вардар го освоија турнирот во Белград!

Пионерите на КК Вардар родени 2003 година го освоија првото место на турнирот во Белград. Нашите млади момчиња овој турнир го одиграа на маестрален начин и заслужено стигнаа до првото место. Попладнево, вардарци во финалето го совладаа и домашниот тим на ИБЦ Белград со резултат 71:70. Нашите момци до оваа победата стигнаа по продолжение од пет минути. По регуларниот дел, резултатот беше нерешен 64:64.

За мало потсетување, нашите млади момчиња на овој турнир ги победија и тимовите на КК Ангели од Скопје, како и тимот на КК Орион. На овие два натпревари нашите кошаркари победија со убедлива разлика, која изнесуваше над 20 поени. Церемонијата и доделувањето на медалите ќе биде одржано во 17 часот.

Честитки до целиот тим на КК Вардар и стручниот штаб за освоеното прво место на турнирот во Белград – Србија.