Машката екипа на РК Вардар генерација родени 1999/2000 го освоија третото место на турнирот во Белград. Ова е епилогот од денешниот ден на “Трофеј Белград“, каде се одиграа завршните натпревари за пласман.
Избраниците на Петковски и Чивлачки им вратија на ОРК Земун за оној прв воведен пораз во групната фаза и денес беа поуспешни од противникот совладувајќи ги со резултат 16:20. Заслужена победа за Вардарци, кои во текот на целиот меч имаа водство. Тројца играчи во нашиот состав постигнаа по 5 голови. Тоа беа Стефан Крстевски, Филип Николов и Марко Мишевски. Христијан Ѓоршовски беше стрелец на 3, додека Стефан Чакалиќ додаде 2 погодоци.
РК Вардар: Петковски, Кизиќ, Чакалиќ, Јорданов, Мишевски, С. Атанасовски, Милошевски, Крстевски, Мисаилески, Ѓоршоски, Николов, Т.Атанасовски, Ќосевски, Мицаноски, Мајсторовски, Јакимовски.
На овој турнир кој се играше изминативе три дена, машкиот состав на РК Вардар забележа 4 победи и два порази.