Monday ,07 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на ЖРК Вардар загубија во борба за бронзата
Кадетките на ЖРК Вардар загубија во борба за бронзата

Кадетките на ЖРК Вардар загубија во борба за бронзата

  • Кадетките на ЖРК Вардар денеска загубија во битка за бронзата на турнирот во Белград. Попладнево нашите млади девојки беа минимално поразени од тимот на Белград. Честитки до целиот тим и тренерите за настапите на овој турнир.

    Во првиот дел екипите на Белград и Вардар одиграа тврдо полувреме. Во последната минута  од првиот дел влеговме со предност од 8-4. Потоа србинките имаа пенал за намалување на водството. Нашиот голман, одличната денеска Јована Мицевска која имаше голем бој интервенции во првиот дел неуспеа да го одбрани и овој удар. На пауза заминавме со 8-5 предност  за нашиот тим.

    Вториод дел започна со гол за србинките кои намалија на 8-6, а потоа успеаа со брзи голови да дојдат и на егал 9-9. Потоа серијата на Белград продолжи и не застана тука. Следуваа нови два гола на домаќинките за веќе предност од 11-9. Серијата на противникот нашите ракометарки ја прекинаа со гол од девет метри за намалкување на 10-9. Потоа следуваше уште по еден гол на двете страни за 11-10. Потоа следувааа нови два погодоци на домаќинките и еден на нашите девојки за резултатот да гласеше 13:11. Последните минути од натпреварот завршија крајно неизвесно. Нашите девојки со два голови успееаа да се доближат на само минус еден негатива 14-13, но немаше доволно време за да одиграме барем нерешен резултат. Со овој резултат и заврши овој натпревар.