Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар М16 дојде до „бронза“
ЖКК Вардар М16 дојде до „бронза“

ЖКК Вардар М16 дојде до „бронза“

Кошаркарките на ЖКК Вардар се закитија со бронзениот медал во кадетската конкуренција откако во напреварот за трето место славеа на врсничките од Трокал со 66-56 односно11-9, 12-14, 27-15 и 16-18 по делници.

Рамноправната битка на теренот се претвори во доминација на „вардарки“ на почетокот на вториот дел од натпреварот, кога избраничките на Јасмина Герасимовска Николиќ направија доволно предност за да играта во последниот период ја сведат на рутина.

m16_3

Вардар – Трокал    66:56
Вардар: Николиќ 22, Милованова 27, Џангаровска 6, Начевска 6, Мариновска 1, Стојкоска -, Јованова -, Трајковска- , Згонц -, Апостоловска -, Стојановска -;
Трокал: Бошкова 13, Тодорова 17, Атанасова 7, Мишева 11, Стојкова 7, Динева, Степановска, Колева, Глигорова, Николова