Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > (ФОТО) Вардарецот и мак.репрезентативец Нуров освои бронзен медал на “Дан Колов“ во Бугарија

(ФОТО) Вардарецот и мак.репрезентативец Нуров освои бронзен медал на “Дан Колов“ во Бугарија

Меѓународен силен борачки турнир “Дан КОЛОВ-Никола Петров” 2017 се одржа во градот Русе на реката Дунав, на границата помеѓу Романија и Бугарија. На четирите душеци во “Булстрад Арената” излегоа рекорден број на учесници , близу 500 борачи од 41 земја во светот . Борбите се одржаа во трите стила, а Македонските претставници учествуваа само во слободниот стил !

bk1 bk2

Во првиот круг МАГА НУРОВ го совлада Бугарскиот боречки АС , Светскиот и Европскиот шампион , Олимпиецот Михаил Ганев од Бугарија со убедливи 7:4, потоа во 1/8 финалето, во една драматична борба , со одлична завршница го совлада одличниот Ксенидис Тимофеи 18:14, за да во четвртфиналето загуби од турскиот претставник Риза Јилдери 3:7. Во репасажот Нуров го победи репрезентативецот на Шпанија Хектор Родриго 7:5 , и конечно во доцните вечерни часови после исцрпувачките борби, добра сили и во малото финале , за бронзениот медал го победи неудобниот Ибрагимов Мамед од Казахстан со 3:2.
99999

Медалистот со неговите тренери, (лево од него на сликата) Проф.Пешко, (десно од него) Г.Гајдаров

bk3 bk4
Посебен подарок доби нашиот клуб Вардар, книги со посвета од Легендата на Светското Борење г-дин Валентин Јорданов , со специјални поздрави до нашиот Олимписки победник – Шабан Тратена.
17888230_1530571610310256_814117716_n 17857328_1530572320310185_713877757_n