Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Задоволства во Вардаровиот табор од победата против Веспрем и освоениот трофеј во СЕХА-лигата

Задоволства во Вардаровиот табор од победата против Веспрем и освоениот трофеј во СЕХА-лигата

Нашиот ракометен шампион стигна до третиот трофеј во СЕХА-лигата, со што стана најтрофејната екипа во ова натпреварување. Црвено-црните се “одмаздија“ за поразот од минатата сезона во Вараждин од истиов противник и победија со резултат 26:21. Може да се каже заслужена победа за Вардар кој имаше водство во текот на целиот натпревар, додека Веспрем беше тој кој постојано бркаше негатива. По завршување на финалето, на прес-конференцијата пред медиумите се обрати нашиот тренер Раул Гонзалес кој истакна дека неговите избраниците дале 100% посто од себе да го добијат Веспрем.

-Сакам да им кажам благодарам на моите ракометари кои играа 100% против една одлична екипа како Веспрем и тренер како Сабате. Се боревме до последниот атом, ја освоивме СЕХА лигата и сега треба да уживаме во овој момент кој е за нас многу важен. Бевме мудри, мотивирани и мислам дека ако некој заслужи победа тоа вечерва беше Вардар. Им посакувам многу среќа на Веспрем и се надевам дека ќе сепласираат на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн.

Посебно мотивиран на овој завршен турнир беше десното крило, Иван Чупиќ кој сакаше да докаже дека местото му е повторно во репрезентацијата на Хрватска.

-Бевме подобриот тим и затоа победивме силна екипа како Веспрем. Тие со сите сили се бореа, но ние бевме перфектни во нападот. Штербик беше расположен на голот, па бранеше кога беше најважно и покрај некои наши грешки. Сега ни останува да се фокусираме и подготвиме за двомечот со Флензбург и да се обидеме да направиме чудо и во лигата на шампионите.

Душебаев потенцира дека Вардар бил максимално сконцентиран во текот на сите 60 минути и дека било важно да го надиграат големиот противник. Кажа дека на нив влиајело и домашниот пораз од Металург, кој им дал “крилја“ на овој завршен турнир во градот Брест.

-Немавме никаков комплекс против Веспрем, едноставно сакавме да ги победиме, бидејќи се една од најдобрите екипи во моментов. Секогаш е тешко против нив, едноставно сакавме да се надигруваме и да не го гледавме семафорот. Игравме сконцентрирано до крај во секој напад, во секоја акција и во секоја минута кога се браневме. Поразот со Металург и тоа како ни помогна и не мотивира. Кога играме сите заедно како екипа ќе дојдеме до успех, но ако играме секој за себе тогаш нема на што да се надеваме.