Зад нас е третиот BYBL турнир, истиот овој викендов се одржа во Скопје. Се играше во две категории, организатор на мечевите за млади кошаркари до 12.години беше екипата на ФМП Академија, а на турнирот У14 беше тимот на Варда. Ние бевме домаќини во нашиот дом, малата сала при СРЦ “Кале“ во Скопје.
Прво место на турнирот во Кале (У14) го освои екипата на Дино Баскет. Вардарци играа во дуелот за “бронза“ за жал ние не успеавме да ја победиме екипата на Сливен во борбата за трето место (64:65). Поголем успех имавме на другиот турнирот У12. По добрите игри обезбедивме финалето, истото го загубивме од екипата на Балкан со резултат 68:58. Со тоа освоивме второто место, додека пак третото место го освои екипата на Левски.